Hasan Esen
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
БРИСЕЛ (АА) – Емир Кир, градоначалникот на Сен-јост тен Ноде, добил писмо со заканувачка содржина, кое содржело бел прав, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради сомнеж дека правот во писмото содржи антракс, еден дел од зградата бил евакуиран и собата во која било отворено писмото била ставена во карантин. Вработените во општината што го допреле писмото биле одведени в болница.
Полицијата започна истрага за да се открие испраќачот на писмото коешто содржело прав и заканувачка порака.
- „Во Европа го живееме периодот на туркофобија“ -
Градоначалникот Емир Кир, за дописникот на АА изјави дека писмото било испратено во период во кој е интензивиран расизмот. „Сето ова го осудувам. Во Европа го живееме периодот на туркофобија“, изјави Кир.
Тој истакна дека од полицијата побарал да го истражи настанот, и тој самиот се надева дека ќе има резултати од истражувањето. „Станав градоначалник во Белгија, а сè уште моето потекло е проблем. Жал ми е за ова“, вели градоначалникот Кир.
Кир, кој реагираше на негативните пораки во писмото, кои се однесуваат на претседателот Реџеп Таип Ердоган, рече: „Споредувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој беше избран по демократски пат, со лидерот на нацистите, диктаторот Адолф Хитлер, е нешто што воопшто не треба да се споменува“.