Ali Semerci
06 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
РАМАЛА (АА) - Во судир меѓу израелските војници и Палестинци во Рамала, на Западниот Брег, повредени се 12 палестински момчиња, а двајца се приведени, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските војници со употреба на гумени куршуми и солзавец извршија упад во станбен објект на подрачјето на Рамала.
Од палестинската Црвена полумесечина наведено е дека екипите на теренот им укажале помош на двајца Палестинци кои се повредени со гумени куршуми.
Оттаму истакнаа дека прва помош им е укажана на уште десет лица кои вдишале солзавец. Очевидците тврдат дека во акцијата на израелските војници се приведени две лица.
Израелските сили честопати под различни обвиненија вршат упади и ги приведуваат Палестинците на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.
Во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, а меѓу нив има и деца.
Израел од 2006 година го држи под окупација Појасот Газа, подрачје каде што живеат околу два милиони Палестинци.