Qais Omar Darwesh Omar,Muhammed Emin Canik
24 Март 2023•Ажурирај: 25 Март 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили го спречија преминувањето на Палестинците од Западен Брег во Кудс, кои во џамијата Ал Акса имаа намера да ја извршат првата петочна молитва од годинашниот Рамазан, заедничката редовна молитва на муслиманите во петок, пренесува Анадолу.
Очевидците наведоа дека израелските сили пратиле засилување на контролните пунктови и не дозволиле да поминат некои Палестинци.
Палестинецот Абдулазиз ал-Асад (60) рече дека повеќепати се обидувал да помине преку контролниот пункт Каландија до Ал-Кудс.

Како што тој рече, по проверката на неговиот идентитет, војниците не му дозволиле да помине преку контролниот пункт поради „безбедносни мерки“.
„Тоа што се случува овде е ограничување на движењето и забрана за богослужба. Ова е фактот дека сме под окупација“, рече Асад.
Со одлуката донесена на 20 март Израел воведе старосна граница за Палестинците да присуствуваат на петочната молитва во Ал Акса за време на Рамазан.
Се наведува дека Палестинките кои живеат на окупираниот Западен Брег, децата помали од 12 години и палестинските мажи постари од 56 години може да дојдат во Источен Кудс на петочната молитва во Ал Акса без дозвола.

Палестинците на возраст меѓу 45 и 55 години морале да добијат специјална дозвола за влез во џамијата Месџид ал Акса.
Најавено е дека жените постари 50 години и мажите постари од 55 години, вклучително и Палестинците кои живеат во Појасот Газа, можат да го посетат Кудс од недела до четврток.
На Палестинците кои живеат на окупираниот Западен Брег им е потребна посебна дозвола за да ги посетат светите места, како што е џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс.
За да излезат од окупираниот Западен Брег, Палестинците мора да користат еден од 23 контролни пункта по должината на „заштитниот“ ѕид.