Adam Abu-bashal
06 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
АБУЏА (АА) - Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) соопшти дека сакаат поголема воена соработка поради зголемените безбедносни проблеми во регионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Началниците на генералштабовите на земјите од ЕКОВАС се состанаа во Акра, главниот град на Гана, за да најдат решенија за зголемените безбедносни проблеми во регионот.
Доминик Нитивул, министерот за одбрана на Гана, во своето обраќање на состанокот рече дека зголемените безбедносни проблеми во регионот се загрижувачки и побара поголема воена соработка.
Посочувајќи дека во последните три години се извршени повеќе од 5.300 напади во регионот, Нитивул рече дека околу 16.000 луѓе ги загубиле животите во нападите.
Нитивул нагласи дека е потребно да се споделуваат повеќе разузнавачки информации за внимателно да можат да бидат следени терористичките организации кои дејствуваат во регионот.
„Како професионалци, мора да одлучиме да ги закопаме нашите разлики наметнати од нашите националности и култури и да продолжиме напред со поголема соработка“, нагласи Нитивул.