Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
ИДЛИБ (АА) - Припадниците на терористичката организација ДЕАШ, кои опозициската војска ги зароби во обид да влезат во зоната без судир во Идлиб, за време на испитувањето признаа дека се движеле во соработка со режимот на Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои од опозициските воени извори дојде новинар на АА, терористите на ДЕАШ за време на испитувањето признаа дека за време на движењето од Хама кон Идлиб силите на режимот и руските авиони ги гаѓале опозициските сили и дека ДЕАШ не бил на нивна мета.
Опозициската војска крие информации каде моментално се наоѓаат терористите, поради можноста дека војската на Асад би можела да изврши напади на локација.
Екипата на АА успеа да забележи транспорт на групата заробени терористи.
Сириската опозициска војска вчера зароби најмалку 400 терористи на ДЕАШ, за време на судирот со припадниците на оваа организација кои преку коридорот кој им го отвори режимот на Асад настојуваат да влезат во зоната без судир во Идлиб.
Режимот на Асад и терористите на ДЕАШ веќе подолг период спроведуваат тактичка соработка против опозицијата во зоната без судир во Идлиб.
Режимот во октомври 2017 година го отвори патот на терористите на ДЕАШ преку Хунајфи, источно од Хама, за да дојдат до регионите во овој град кои се под контрола на опозицијата.
ДЕАШ и режимот на Асад, движејќи се во координација, а благодарение на поддршката на Русија од воздух, остварија значаен напредок против опозициските групи.