Şerife Çetin,Yusuf Hatip
22 Февруари 2018•Ажурирај: 23 Февруари 2018
БРИСЕЛ (AA) - Во Брисел, главниот град на Белгија, полицијата поради сомнение дека има вооружени лица во една зграда, презеде безбедносни мерки во областа, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата го затвори влезот на една улицата во Форест, каде што се наоѓа зградата за која постоеше сомнение дека има едно или повеќе вооружени лица. Безбедносните тимови спроведоа рација во зградата. Акцијата беше поддржана и со хеликоптер.
Гувернерот на Форест, Марк-Жан Гисел, не даде никакви детали за тоа дали постои сомневање за тероризам. Тој информираше дека акцијата била извршена поради сомневање дека во зградата има вооружени лица.
Белгиските локални медиуми објавија дека во близина на зградата има училиште во коешто учат 350 ученици. Учениците биле задржани во училиштето од безбедносни причини.