Dmitri Chirciu
01 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
КИЕВ (АА) - Централната изборна комисија на Украина соопшти дека изборот на шеф на државата ќе биде познат по вториот круг на изборите, јавува Anadolu Agency (AA).
Татјана Слипачук, претседателката на украинската Централна изборна комисија, на прес-конференција истакна дека на изборите во Украина ниту еден од кандидатите не успеал да добие повеќе од 50 отсто од гласовите.
Слипачук, изјавувајќи дека во вториот круг ќе се натпреваруваат артистот комичар Владимир Зеленскиј и актуелниот претседател Петро Порошенко, рече: „Многу е јасно дека ќе има втор круг“.
Таа изјави дека пребројувањето продолжува, но дека не може да има некои промени во резултатите.
На изборите излегле на гласање 62,78 отсто од вкупниот број на гласачи, а до 11.30 часот по локално време, денес, изброени се 72,09 отсто од гласовите.
Според резултатите од гласачките кутии, по првиот круг, Владимир Зеленскиј е во водство со 30,44 отсто освоени гласови, додека актуелниот претседател Петро Порошенко се наоѓа на второто место со освоени 16,15 отсто од гласовите.
Поранешната премиерка Јулија Тимошенко, освои 13,16 отсто од гласовите.
Двајцата кандидати за претседател на Украина ќе се натпреваруваат во вториот круг што ќе се одржи на 21 април.