Serdar Dincel
26 Мај 2026•Ажурирано: 26 Мај 2026
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, денес изјави дека од земјите од Блискиот Исток „повеќе нема да бидат штит за американските бази“ и дека Вашингтон повеќе нема да има „безбедно засолниште“ во регионот, пренесува Анадолу.
Како што објави државната новинска агенција ИРНА, Хамнеи ја испратил оваа порака преку соопштение по повод Денот на Арефат, најважниот дел од муслиманскиот аџилак.
Тој ги повика муслиманските и другите земји од регионот „да ги следат заедничките интереси“ со цел обликување на нов регионален и глобален поредок.
„Искрено ги поканувам сите исламски земји и влади на пријателство и соработка за општо добро“, додаде тој.
Овој повик доаѓа во време на напорите за посредување предводени од Пакистан за ставање крај на американско-израелската војна против Иран, која започна на 28 февруари, предизвикувајќи одмазднички напади од страна на Техеран.
Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април, а подоцна беше продолжен на неодредено време од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.