Saadet Gökce
26 Јуни 2026•Ажурирано: 26 Јуни 2026
Силен земјотрес со интензитет од 6,5 степени денес го погоди јужниот филипински остров Минданао, јавува Анадолу.
Според Американскиот геолошки завод (USGS), земјотресот се случил во близина на Сарангани, во покраината Давао Оксидентал, на длабочина од 52,4 километри, во 19:34 часот по локално време.
Досега нема информации за жртви или предизвикана материјална штета.
Земјотрес со магнитуда од 7,8 степени на 8 јуни го погоди подрачјето крај брегот на покраината Сарангани на островот Минданао, предизвикувајќи големи оштетувања во станбените области и јавната инфраструктура.
Во земјотресот животот го загубија најмалку 78 лица, додека последиците од катастрофата ги почувствуваа околу 1,5 милион жители.
Филипините се меѓу земјите во светот најподложни на природни катастрофи поради нивната локација покрај Пацифичкиот огнен прстен, регион познат по чести земјотреси и вулканска активност.