Büşra Selvi Öğütcen
08 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
МЕКСИКО (АА) - Земјотрес со интензитет од 8,1 степен се случи на отоврено море во близина на Мексико. Во земјотресот животот го загубија најмалку 5 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на сојузната држава Чијапас, Мануел Веласко на локалните медиуми им изјави дека земјотресот кој траел околу 1 минута предизвикал смрт на 3 лица во подрачјето на Сан Кристобал.
Гувернерот Кристобал истакна дека земјотресот предизвикал пукнатини во болници, училишта, куќи, а во Сан Кристобал големи оштетувања му се нанесени на еден трговски центар.
Градоначалникот на Табаско, Артуро Нунез изјави дека во земјотресот под урнатините останало едно дете, додавајќи дека во болница починало бебе поради прекин на електрична енергија во објектот.
Земјотресот кој се почуствувал и во главниот град Мексико сити, предизвика страв кај жителите на градот.
Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека интенизтетот на земјотресот изнесувал 8,1 степен, кој претходо беше соопштено дека е со интензитет од 8 степени.
USGS информираше дека земјотресот се случил на длабочина од 69,7 километри, длабочина за која претходно беше кажано дека изнесува 33 километри.
Американскиот пацифички центар за предупредување претходно упати апел од можност на цунами во регионот на Мексико, Хондурас, Еквадор, Гватемала и Никарагва со висина на бранови од 3 метри, но ја надополни информацијата соопштувајќи дека брановите на отворено море кај Мексико биле со висина до 1 метар.
- Земјотресот се почуствувал и во Гватемала
Претседателот на Гватемала, Џими Моралес на националната телевизија соопшти дека постојат информации дека во градот Сан Маркос, на границата со Мексико во земјотресот животот го загубило едно лице, но додаде дека тие информации не се потврдени.