Fatjon Cuka
14 Јануари 2024•Ажурирај: 15 Јануари 2024
Албанија во текот на ноќта ја погоди земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, додека албанските власти немаат пријавено за штета, пренесува Анадолу.
Според официјалните податоци објавени на веб-страницата на Институтот за геонауки на Албанија, епицентарот на земјотресот бил лоциран во селото Шала во Елбасан,
Се истакнува дека земјотресот се случил на длабочина од 20,8 километри.
Потресите се почувствувани и во други градови во Албанија.
Властите на Албанија не пријавиле штета од земјотресот.