Aynur Şeyma Asan
16 Септември 2024•Ажурирај: 18 Септември 2024
АНКАРА (АА) - Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала се почувствува во близина на брегот на Северните Маријански Острови, американска територија во близина на азискиот брег на Тихиот Океан, известува Анадолу.
Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на земјотресот бил на 263 километри североисточно од градот Саипан на Северните Маријански Острови.
Земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала се случи на длабочина од приближно 33 километри. Засега нема информации за евентуални човечки жртви или предизвикана материјална штета.
По земјотресот не е дадено предупредување за цунами.