Betül Yürük
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - БЕТУЛ ЈУРУК -
Министерот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави (САД), Рајан Зинке, изразувајќи оптимизам во врска со односите меѓу Турција и САД кои во последниот период станаа тензични, истакна дека создавањето долгорочни односи е важно не само за двете земји, туку и за регионот, и дека е уверен оти односите меѓу двете земји чија основа е цврста, и во иднина ќе бидат цврсти.
Зинке, во разговор за Anadolu Agency (AA) за време на церемонијата на доделување Награди за американски пријатели на Турција, на која учествуваше и сопругата на министерот Зинке, Лола Зинке, која доби награда на оваа церемонија, зборуваше околу односите меѓу Турција и Америка, и истакна дека секој разбира колку се важни односите меѓу овие две земји.
„Турција и САД се два сојузника кои имаат долго минато, и се регионален и стратешки партнер“, нагласи тој, и додаде дека турскиот и американскиот народ меѓусебно се сакаат.
„Јас сум оптимист. Создавањето долгорочни односи меѓу двете страни е важно не само за двете земји, туку и за регионот. Уверен сум дека нашите односи чија основа е цврста, и во иднина ќе бидат цврсти“, истакна американскиот министер за внатрешни работи околу односите меѓу Турција и САД кои во последниот период станаа тензични.
- „Потребно е меѓусебно разбирање, транспарентност и комуникација“ -
„Треба да се фокусираме на меѓусебно разбирање, транспарентност и комуникација“, рече Зинке, и нагласи дека со цел нормализирање на односите меѓу двете земји, важно е Турција и САД да комуницираат и да се среќаваат на ниво на претседатели на држави и министри.
Зинке раскажа дека претходно бил поморски командант, и оти во минатото работел со турските безбедносни сили. „Нашата заедничка задача е обезбедување стабилност и благосостојба во двете земји. Комуникацијата е она што ни е потребно“, додаде тој.
Од друга страна, Лола Зинке, сопругата на американскиот министер за внатрешни работи, истакна дека е критична точката до која моментално се доведени односите меѓу САД и Турција. „Долги години сме сојузници со Турција. Верувам дека тоа ќе продолжи“, рече таа.