Safiye Karabacak
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските сили во првите шест месеци во оваа година приведоа 3.533 Палестинци во окупираните Западен Брег, Источен Ерусалим (Кудс) и Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкото соопштение на повеќе здруженија, центри и институции, меѓу кои и Здружението на палестински затвореници, се наведува дека израелските сили, од почетокот на годината, до 30 јуни, привеле 3.533 Палестинци во окупираните Западен Брег, Источен Ерусалим и Газа, од кои 651 дете, 63 жени и 4 новинари.
Во соопштението се истакнува дека израелските сили, само во јуни привеле 446 Палестинци.