Ekipa
31 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Ноември 2021
КУДС (AA) - Израел денес започна воена вежба за да ја тестира подготвеноста на домашниот фронт во спротивставувањето на неочекувани напади, за прецизно истрелување ракети, употреба на хемиско оружје и кибернапади, јавува Агенција Анадолија (АА).
Воената вежба се очекува да трае до среда, со вклученост на Армијата на Израел, владините установи и службите за вонредни состојби, се наведува во соопштението на Армијата на Израел.
„Одредени аспекти кои ќе ги симулираме во вежбата: употреба на супстанци за дезориентирање и опивање од страна на непријателот. Ќе го провериме ова во текот на вежбата“, рече Јорам Ларедо, раководителот на Израелската национална агенција за справување со итни ситуации.
Дневниот весник „Једиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth) објави дека во вежбата ќе учествуваат стотици израелски војници и цивилен персонал за да се симулира масовна евакуација на областите, како одговор на истрелување ракета.
„Првиот ден од вежбата ќе биде посветен на израелската полиција, симулирање на националистички немири на повеќе фронтови“, рече Лоредо.
Воената вежба, исто така, ќе симулира конфликт со либанската група Хезболах, која поседува широк дијапазон на прецизни проектили.