Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
30 Април 2025•Ажурирај: 30 Април 2025
ДАМАСК (АА) - Израел изврши напад со беспилотно летало врз регионот Сахнаја во близина на сирискиот главен град Дамаск под изговор дека ги заштитува Друзите. Во нападот е убиено едно лице, се вели во соопштението на сириското Министерство за внатрешни работи, пренесува Анадолу.
Во соопштението на сириското Министерство за внатрешни работи се наведува дека Израел ги нападнал безбедносните сили во регионот Сахнаја со беспилотно летало.
„Израелски дрон бомбардираше област каде што безбедносните сили се собраа во близина на Сахнаја пред кусо време. Ова е втор бомбашки напад од страна на Израел врз безбедносни објекти во близина на Сахнаја од ова утро“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, во соопштението се наведува и дека еден сириски безбедносен службеник го загубил животот во израелското бомбардирање.