Ekip
08 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
РАМАЛА (АА) - Израелскиот суд денеска наложи рушење на ново палестинско училиште на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Судот пресуди дека училиштето „Рас ал Тенен“ во источниот град Рамала е изградено без потребна градежна состојба и ја одби жалбата која е вложена за неговото рушење“, изјави палестинскиот активист Абдулах Абу Рама.
Тој рече дека 50 деца веќе биле запишани во училиштето, кое е неодамна изградено и со кое управува палестинското Министерство за образование.
Абу Рама истакна дека палестинските активисти започнале да се собираат во училиштето за да го спречат неговото рушење.
Училиштето се наоѓа во делот на окупираниот Западен Брег класифициран како подрачје „Ц“, кое е под полна израелска контрола според Договорот од Осло од 1995 година.
Според палестинските извори, израелските власти оваа година срушија повеќе од 500 палестински станбени објекти.
Израелските сили под голем број изговори рушат станбени објекти во Источен Ерусалим (Кудс) и на Западниот Брег.
Палестинските и израелските делегации во 1995 година го потпишаа т.н. Втор договор од Осло, според кој окупираниот Западен Брег е поделен во три зони.
Зоната „А“ се простира на 18 отсто од територијата на Западниот Брег и административна и безбедносна власт имаат Палестинците. Зоната „Б“ сочинува 21 отсто од Западниот Брег и во неа се поделени административните и безбедносните ингеренции. Третата и најголема зона „Ц“ покрива 61 отсто од Западниот Брег и во потполност е под контрола на Израел.