Halime Afra Aksoy
27 Декември 2023•Ажурирај: 28 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Од 7 октомври израелските сили приведоа 4.795 Палестинци на Западниот Брег и во Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Анадолу.
Во заедничкото соопштение на Здружението на палестинските затвореници и Комитетот за прашања на палестинските затвореници, кој е поврзан со Организацијата за ослободување на Палестина, се вели дека израелските сили привеле уште 12 лица во рациите минатата ноќ и утринава во Тулкерим, Рамала, Витлеем и Хеброн.
Тие потврдија дека бројот на Палестинците приведени од 7 октомври е зголемен на 4.795.
Се вели дека израелските сили ги претепале луѓето што ги привеле и нивните роднини.
Тие додаваат дека се уништени куќите на Палестинците кои биле изложени на закани.