Mustafa Deveci
05 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти испратија известување до палестинското семејство во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), да ја напушти зградата во која живее многу години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, здружението „Атерет Коханим“, кое води активности за преземање на земјата на Палестинците во Ерусалим (Источен Кудс) до палестинското семејство Марага ја пренесе одлуката на израелските судови да ја напушти петкатната зграда во маалото Силван, во јужниот дел на „Месџид-и-Акса“, каде што живее повеќе од 100 години.
Во известувањето, како причина за одлуката за напуштање на зградата е тврдењето дека земјиштето под зградата каде што живее семејството Марага „припаѓа на еврејско семејство кое во 1881 година живеело во таа област“.
Семејството Марага тврди дека има документи за тоа дека повеќе од 100 години живее во таа зграда и дека ја поседува земјата, а исто така негира дека земјиштето е во сопственост на еврејско семејство.
Семејството Марага, кое брои 15 члена, се плаши дека во секој момент ќе биде принудено да ја напушти зградата, поради што продолжува да ја чека својата иднина во неизвесност.
- Маало, кое е цел на еврејските здруженија
Маалото Силван е една од најважните цели на еврејските здруженија кои работат на евреизирање на градот. За овие здруженија, кои имаат цел да ги „купат“ палестинските куќи, се тврди дека се „поддржани“ од Израел.
Поради близината со „Месџид-и-Акса“, маалото е од големо значење, затоа одвреме-навреме куќите се рушат од страна на израелските власти, со образложение дека „немаат дозвола за градба“.
Се наведува дека Израел произвел разни изговори за отстранување на Палестинците кои живеат во Силван, а од друга страна, има за цел во маалото да ги донесе еврејските доселеници во соседството.