Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Gülşen Topçu
30 Јули 2020•Ажурирај: 02 Август 2020
ЕРУСАЛИМ
Лидерот на израелската опозициска Партија на иднината, Јаир Лапид, на собирот одржан во вторникот вечер во Тел Авив предупреди дека насилните случувања можат „да ја втурнат земјата во граѓанска војна“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Крвта што претходната вечер течеше во Тел Авив пролеана е со рацете на Биби [премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху] и неговите претставници. Оној кој сее провокација, жнее крв“, објави Лапид на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Лапид, предупредувајќи дека провокацијата насочена кон демонстрантите би можела да го одведе Израел во граѓанска војна, го критикуваше Нетанјаху бидејќи не се произнесол со некаква изјава во врска со нападот врз демонстрантите.
Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц, на својот профил на Твитер напиша дека бара да бидат казнети оние кои ги нападнале демонстрантите.
„Сѐ додека ние сме тука, никој во Израел не може да ги замолчи демонстрантите“, напиша Ганц.
Израелската јавна радиодифузна мрежа (KAN) вчера објави дека на протестите спроведени пред домот на израелскиот министер за јавна безбедност, Амир Охана, петмина демонстранти се повредени во нападот извршен од страна на екстремните десничари.
Додека нападот изведен од страна на екстремните десничари предизвика реакции во земјата, премиерот Нетанјаху не даде никаква изјава на оваа тема.