Mahmut Geldi
10 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
БЕЈРУТ (АА) - Израелски воени авиони го прекршија воздушниот простор во јужните делови на Либан, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Според либанската официјална новинска агенција „ННА“, израелските воени авиони го нарушиле либанскиот воздушен простор и реализирале интензивни летови во јужната покраина Набати и околните области.
Се наведува дека прекршувањата на воздушниот простор започнале во 09:00 часот по локално време и продолжиле 2 часа.
Нема информации во однос на бројот на израелски воени авиони.
Израелски беспилотни летала, воени авиони и борбени чамци често влегуваат во либански граници.
Либанските власти во секоја можност овие злоупотреби ги пријавуваат до Обединетите нации (ОН).