Eshat Fırat
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху учествуваше на поставувањето на камен-темелник за изградба на 1.000 нови живеалишта во еврејската населба „Beitar İllit”, сместена во јужниот дел на Западниот Брег окупиран од страна на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху на церемонијата имаше свое обраќање на коешто рече: „Ниту една израелска влада не им служеше на еврејските населби како што им служи мојата влада”.
Изрелскиот премиер додаде дека во еврејската населба со бројност од околу 50.000 жители ќе биде изграден нов пат до Ерусалим.
Населбата „Beitar İllit“ во која ќе се изградат повеќе од 1.000 нови живалишта, е една од најголемите еврејски населби во окупираниот Западен Брег.
- Еврејските населби на палестинска земја се во потполност нелегални -
Премиерот на Израел Нетанјаху претходно имаше соопштено дека и доколку започнат мировните средби со палестинската страна, нема да ја запре изградбата на нелегалните еврејски населби.
Нетанјаху, минатиот месец истакна дека независно дали ќе биде воспоставено политичко решение или не, Израел ќе продолжи со целосна воена контрола врз Западниот Брег.
Западниот Брег и Источен Ерусалим, од 1967 година наваму се наоѓаат под окупација на Израел. Во Западниот Брег има 400.000, а во Источен Ерусалим над 200.000 евејски доселеници. Според меѓународното право, еврејските населби во овие подрачја во потполност се нелегални.
Мировните средби меѓу Израел и Палестина се прекинати во април 2014 година откако Израел не прифати да се врати на своите граници од 1967 година, да им даде право на Палестинците да се вратат во своите домови и целосно да ја прекине изградбата на еврејските населби.