Sultan Çoğalan
30 Септември 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Израел денес уплати 20 милиони долари оштета на Турција, наменета за семејствата на настраданите во нападот на хуманитарниот брод Мави Мармара во мај 2010 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации од дипломатски извори до кои дојде новинар на АА, Израел денес уплати 20 милиони долари оштета за нападот на хуманитарниот брод Мави Мармара, кој се случи на 31 мај 2010 година.
Големото народно собрание на Република Турција кон крајот на август оваа година го усвои нацрт-законот во врска со оштетата, чија распределба на семејствата ќе ја врши Владата на Република Турција.
Да потсетиме, дипломатските односи на Турција и Израел се обновени неодамна, откако беа прекинати поради израелскиот напад на хуманитарниот брод Мави Мармара во близина на Појасот Газа
Групата бродови на 31 мај 2010 година се обиде да стигне до Појасот Газа, но припадниците на израелската војска ги нападнаа во меѓународни води. Деветмина загинаа а дваесет лица беа ранети.