Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Hacer Başer
17 Мај 2023•Ажурирај: 18 Мај 2023
КУДС (АА) - Израелските сили урнаа зграда во окупираниот Источен Кудс, во која живееле 50 Палестинци, со образложение дека била „без дозвола“, пренесува Анадолу.
Израелските сили, кои дошле во подрачјето на Силван во Источен Кудс, со булдожери целосно урнале зградата со седум стана.
Уму Адем ел-Хусеини, станар на оваа зграда, во изјавата за новинарот на АА истакна дека Израел во 2009 година урнал дел од зградата, а овој пат ја урнал целата зграда.
Хусеини нагласи дека во останатите шест стана живееле неговите синови со своите семејства и дека во зградата живееле вкупно 50 лица.
„Од 2006 година живееме тука. Неколкупати се обидовме да добиеме дозвола за становите. За тоа зедовме адвокат. Но нашите напори беа залудни“, рече Хусеини.
Според него, имаат многу спомени во оваа зграда, при што тој рече дека не успеале да ги преместат ниту мебелот од становите во зградата што била урната без опомена.
Израелската општина не излезе со некое соопштение во врска со случајот.
Израел често ги урива куќите и објектите на Палестинците во Источен Кудс и Западниот Брег што ги окупираше во 1967 година, со образложение дека се „без документи“.
Напорите на Израелците да добијат документи често резултираат со неуспех поради пречките што ги предизвикуваат израелските власти.