Qais Omar Darwesh Omar
11 Септември 2023•Ажурирај: 12 Септември 2023
ЈЕРИХОН (АА) - Израелската Армија денес изврши рација во бегалскиот камп Акабат Џабр во источниот дел на Западниот Брег, предизвикувајќи судири со Палестинците, истакнаа очевидци, јавува Анадолу.
Црвената полумесечина соопшти дека нејзиниот персонал префрлил Палестинец повреден во стапалото во Владината болница во Јерихон.
Тензиите низ окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Источен Кудс) се зголемија во последните месеци поради честите рации на Израел во палестинските градови.