Ekrem Biçeroğlu
08 Мај 2025•Ажурирај: 09 Мај 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските војници привеле најмалку 45 Палестинци на окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.
Во заедничко соопштение на Здружението на палестински затвореници и Комитетот за затвореници и ослободени лица, кој е дел од Организацијата за ослободување на Палестина, се наведува дека израелската војска продолжува со нападите врз окупираниот Западен Брег.
Последните 24 часа во различни делови на Западниот Брег израелската армија привела најмалку 45 Палестинци, меѓу кои има деца и поранешни притворени лица.
Во соопштението се наведува дека израелската армија продолжува со нападите врз градовите Џенин и Тулкерим во северниот дел на окупираниот Западен Брег од крајот на јануари.
Се потсетува дека стотици Палестинци биле приведени и дека биле спроведени теренски испрашувања за време на нападите на израелската армија.
Од 7 октомври 2023 година, кога Израел го започна нападот врз Појасот Газа, има зголемување на приведувања, рации и напади врз Палестинците во окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим.
Оттогаш се убиени 961 Палестинец, вклучително 171 дете, од страна на израелски војници и Израелците кои ги узурпираа палестинските земјишта на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.
Во овој период повредени се повеќе од 7.000 Палестинци, а над 16.400 луѓе се приведени.