свет

Израелската Армија тврди дека дронот со кој е извршен напад врз Тел Авив е од иранско производство

Од иранската страна нема моментален коментар за израелските тврдења

Ikrame Imane Kouachi  | 19.07.2024 - Обновена : 19.07.2024
Израелската Армија тврди дека дронот со кој е извршен напад врз Тел Авив е од иранско производство

АНКАРА (АА) - Израелската Армија денес истакна дека дронот на Хусите со кој е извршен напад врз Тел Авив е од типот Самад-3 од иранско производство, јавува Анадолу.

На прес-конференција, портпаролот на израелската Армија, Даниел Хагари, рече дека дронот со кој Хусите го извеле нападот во Тел Авив е од иранско производство од типот Самад-3.

„Дронот е лансиран од Јемен“, рече тој.

„Од почетокот на војната, Израел и американските сили пресретнаа десетици дронови кои беа лансирани од Јемен“, соопшти портпаролот на Армијата.

Од иранската страна нема моментален коментар за израелските тврдења.

Претходно денес, Хусите со беспилотно летало изведоа напад во Тел Авив, при што загина најмалку еден Израелец, а повредени се 10.

Ова е прв напад на Хусите насочен кон Тел Авив. Најголемиот дел од нивните претходни напади беа насочени кон крајбрежните градови Еилат и Хаифа.

Хусите со проектили и беспилотни летала ги напаѓаат бродовите што се во израелска сопственост, кои пловат под израелско знаме, се управувани или пловат кон израелските пристаништа во Црвеното Море и Аденскиот Залив во знак на солидарност со Газа, која е под разорен израелски напад од 7 октомври минатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın