1 23
05 Септември 2022•Ажурирај: 06 Септември 2022
РАМАЛА (АА) - Израелската армија денес на окупираниот Западен Брег усмрти Палестинец, соопшти палестинското Министерство за здравство, известува Агенција Анадолија (АА).
Палестинското Министерство соопшти дека Тахер Мохамад Закарнех (19) бил смртно застрелан од израелските сили во градот Кабатија, јужно од градот Џенин.
Во рацијата на израелските сили има и еден ранет Палестинец.
Јани Абу Џоуха, директор на болницата Ибн Сина во градот Џенин, за АА изјави дека уште еден Палестинец кој се лекува во установата, бил застрелан во ногата од израелските сили.
Официјалната телевизија Палестина ТВ соопшти дека израелските сили извршиле рација на неколку области низ окупираниот Западен Брег, вклучително и во Џенин. Во текот на рацијата дошло до размена на оган во градот Кабатија меѓу израелските сили и палестинските борци на отпорот.
Израелските сили речиси секојдневно вршат рации и упади во палестинските области под изговор дека трагаат по барани Палестинци, при што доаѓа до судир меѓу израелските сили и Палестинците.