Ekip
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
ГАЗА
Најмалку тројца Палестинци се повредени денеска во израелските артилериски напади на северниот дел на Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство во Газа соопшти дека повредените Палестинци се превезени итно во болницата „Беит Ханоун“. Во соопштението не се откриени детали за степенот на нивните повреди.
Паралелно со тоа, израелската војска соопшти дека во артилериските напади се гаѓани цели на Хамас. Војската во соопштението наведе дека гранатирањето било одговор на претходната пукотница од Газа и ранувањето на еден Израелец.
Весникот „Једиот ахронот“ јавува дека израелската војска наредила евакуација на фармата во израелските населби во близина на безбедносната ограда со Газа.
Ниту една палестинска група не презеде одговорност за настанот.