Qais Omar Darwesh Omar,Hamdi Yıldız
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
ЏЕНИН (АА) - Израелската војска уби млад Палестинец за време на рација во село во северниот дел на окупирниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди палестинското Министерство за здравство.
Во соопштението се наведува дека починал 17-годишникот Мухамед Ебу Салах, ранет во главата со израелски куршум за време на рацијата во селото Ел-Силе ел-Харисије во близина на градот Џенин.
Во соопштението не се дадени информации за здравствената состојба на петте лица за кои палестинската Црвена полумесечина соопшти дека се повредени.
Инаку, израелската војска изврши рација во селото со цел рушење на четири куќи со булдожери, поради што настанаа судири меѓу израелската Војска и младите Палестинци кои покажаа отпор со цел спречување на рушењето на нивните домови.