Said İbicioğlu
23 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските војници уапсија најмалку 10 Палестинци на окупираниот Западен Брег, меѓу кои и двајца новинари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинар на АА, израелските војници ги уапсиле Палестинците во регионот Бени Наим, недалеку од градот Хеброн, а се работи за демонстранти кои со собир пружиле поддршка на Палестинците на кои им се заканува заплена на имотот.
Уапсени се најмалку 10 Палестинци, меѓу кои и двајца новинари.
Се дознава дека се уапсени новинарите Мешур Вахвах, вработен во Палестинската новинска агенција ВАФА и Азми Булут, вработен во Палестинската радио-телевизија.