Nour Mahd Ali Abu Aisha,Hamdi Yıldız
15 Мај 2021•Ажурирај: 16 Мај 2021
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони ја погодија и уништија високата зграда во Газа во која се наоѓаа и канцелариите на американската новинска агенција „Асошиејтед прес“ (АП) и на телевизискиот канал „Ал Џезира“, со седиште во Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, 13-катната зграда, именувана како Џела, била целосно уништена како резултат на неколкуте ракети истрелани од страна на израелските воени авиони.
Во зградата имало 60 простории, меѓу кои и канцелариите на АП и „Ал Џезира“, како и адвокатски и докторски канцеларии.
Во оваа зграда се наоѓале и антени што овозможувале интернет-услуга за повеќе подрачја во Газа, а погодувањето на оваа зграда било најавено од страна на Израел.
Новинарот на „Ал Џезира“ во Газа, Ваил ел Дахдух, претходно истакна дека израелската Војска им дала рок од еден час на луѓето во оваа зграда.
Исто така, „Ал Џезира“ го емитуваше и телефонскиот разговор на сопственикот на зградата со еден офицер од израелското разузнавање.