Zeynep Hilal Karyağdı
23 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
Израелската полиција интервенираше врз Палестинците кои сакаа да се клањаат пред вратата на Месџид Ал Акса која се наоѓа во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на информативиот центар „Вади Хилве“ кој е палестинската организација за човекови права, израелските сили со пендреци интервенирале врз Палестинците кои се собрале пред вратата на Месџид ал Акса наречена „Ел Есбат“ со цел да клањаат намаз (молитва).
Се наведува дека израелските сили го спречиле клањањето намаз и групата ја оддалечиле од таму.
Се нагласува дека приведени биле некои млади лица кои реагирале против оваа состојба.
Израелската полиција исто така на Палестинците не им дозволи да го одбележат ноќта на Кадир во околината на Месџид Ал Акса.
Инаку, Месџид Ал Акса од 22 март е затворен за вршење обреди поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).