Zein Khalil,Gülşen Topçu
28 Март 2023•Ажурирај: 29 Март 2023
ТЕЛ АВИВ (АА) – Во текот на протестите во Тел Авив, Израел, повредени се двајца полицајци, а приведени се петмина демонстранти, јавува Анадолу.
Израел веќе 12 недели е средиште на протести против плановите на Владата за спроведување реформи во правосудството, што опозицијата го гледа како обид за намалување на овластувањата на судството во корист на извршната власт.
Израелската полиција интервенираше во текот на синоќешните протести бидејќи демонстрантите се обидоа да ја блокираат улицата Ајалон во центарот на Тел Авив со железни бариери.
При интервенцијата повредени се двајца полицајци, кон кои биле фрлани стаклени шишиња.
Весникот „Једиот Ахронот“ објави дека во инцидентот се приведени петмина демонстранти.
Реформата, предложена од министерот за правда Јарив Левин, би била најрадикална промена досега во системот на власта во Израел.
Планираната промена сериозно би ги ограничила овластувањата на Врховниот суд на правдата, ќе ѝ даде на Владата овластување да избира судии и ќе ја прекине практиката државниот обвинител да именува правни советници во министерствата.