Ahmet Dursun
12 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
АНКАРА
Израелската полиција приведе најмалку 150 Палестинци кои се сомничат за учество во вчерашните нереди во северниот дел на Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на израелската полиција, Мики Росенфелд, за АА изјави дека приведувањата се извршени поради вчерашните настани во градовите Рамла и Лод.
„Ситуацијата излезе од контрола и синоќа во Лод е прогласена вонредна состојба, а полицијата работи на воспоставување на редот“, изјави Росенфелд.
Нередите во Лод избија по вчерашниот погреб на Палестинецот Муси Хусунеу, кој беше убиен од еврејски доселеник.
Група Евреи мавташе со израелските знамиња и ги провоцираше насобраните на погребот, на што Палестинците негодуваа. Израелските безбедносни сили ги нападнаа Палестинците, а тие одговорија со каменување.
Неколку лица се повредени, а едно полициско возило изгоре во тие нереди. Градските власти прогласија вонредна состојба во Лод.
Палестинците кои живеат во Израел во голем број градови одржуваат протести поради израелските напади во Кудс и Газа. Израелската полиција приведе повеќе демонстранти.