Hacer Başer
22 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили урнаа куќа на Палестинец во северниот дел на источен Ерусалим, под изговор дека е нелегално изградена, јавува Anadolu Agency (AA).
Сопственикот на куќата Луеј Ебу Рамуз вели дека израелската полиција дошла во придружба на претставниците од општината и дека ги натерале да излезат надвор од куќата. Тој посочи дека со неговата сопруга и со петте деца во куќата живеат седум години.
„Насилно нѐ избркаа од куќата. Не ни дозволија да си ги земеме ни работите. Децата се обидоа да влезат во куќата за да си ги земат книгите и тетратките за училиште. Моравме да гледаме како го рушат нашиот дом“, вели сопственикот на куќата Луеј Ебу Рамуз.
Тој објасни дека сега немаат каде да живеат. Ебу Рамуз истакна дека за градежната дозвола дале многу пари, но дека тоа не е важно.