Mustafa Deveci
19 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелски војник позираше со знаме на Саудиска Арабија во рацете и го повика саудискиот народ да го посетува Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Снимката е објавена на социјалната мрежа Твитер со пораката „Ние не сме непријатели на Саудиска Арабија“.
Не откривајќи го идентитетот и чинот, израелски војник во видеопорака изјави дека на сите во Израел ќе им биде мило да видат да ги посетуваат луѓе од Саудиска Арабија и дека самите сакаат да ја посетат таа заливска земја.
„Ние ја сакаме Саудиска Арабија и треба да ни дојдете во посета. Се надеваме дека меѓу нашите држави ќе биде мир. Ние не сме непријатели на саудискиот народ“, порача војникот кој во моментот на снимањето на пораката беше придружуван со голем број израелски војници.
Снимката брзо се прошири на интернет, како и реакциите на оние кои ја поддржуваат и оние кои се противат на таа порака.