Qays Abu Samra,Afra Aksoy
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
ХЕБРОН (АА) - Израелските војници убија еден млад Палестинец во градот Хеброн (Ел Халил) кој се наоѓа во подрачјето на окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Палестинската официјална информативна агенција ВАФА (WAFA) соопшти дека северно од градот Хеброн, во близина на појасот Бејт Умар израелските војници отвориле оган и убиле еден млад Палестинец.
Во веста се наведува дека израелската страна информирала дека Палестинецот се обидел да изврши напад со нож.
Израелската војска издаде соопштение во кое наведува дека Палестинецот се обидел со нож да нападне припадник на безбедносните сили во еврејската населба Кармел Цур.
Во соопштението се вели дека друг припадник на безбедносните сили отворил оган и го убил Палестинецот, а нападнатиот израелски припадник на безбедносните сили бил полесно повреден.
Очевидците изјавуваат дека израелската војска го опколила подрачјето и не им дозволува влез на возилата на брзата помош.