Ekipa
30 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
КУДС (АА) - Израелски официјален претставник близок на премиерот Нафтали Бенет денес изјави дека нема да има мировни преговори со Палестинците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тој ја даде оваа изјава по состанокот меѓу палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот министер за одбрана Бени Ганц во градот Рамала на Западниот Брег.
„Ова е состанок што се занимава со безбедносни прашања. Нема дипломатски процес со Палестинците ниту ќе има“, рече официјалниот претставник во изјавите цитирани од весникот „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel).
Неделната средба меѓу Абас и Ганц беше прва меѓу израелската Влада и палестинската власт од 2014 година, кога Абас се состана со тогашниот израелски министер за правда Ципи Ливни во Лондон.
„Оваа вечер се сретнав со претседателот на Палестина, Махмуд Абас, за да разговарам за безбедносната политика, цивилните и економските прашања“, напиша Ганц на Твитер по средбата со Абас.
Ганц додаде дека Израел се обидува да преземе мерки за зајакнување на економијата на палестинската власт, но не даде повеќе детали.