свет

Израелски парламентарец критикуван поради изјавата за Палестинката Ал Тамими

„Лично сметам дека тоа девојче би требало да го ранат барем во нозете и така остатокот од животот да го помине во домашен притвор“, изјави Смотрич

Ayşe Sümeyra Aydoğdu  | 23.04.2018 - Обновена : 24.04.2018
Израелски парламентарец критикуван поради изјавата за Палестинката Ал Тамими

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Пратеникот во израелскиот парламент Кнесет, Безалел Смотрич, предизвика лавина на критики и гнев поради контраверзните изјави за малолетната палестинска активистка Ахед ал Тамими, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Лично сметам дека тоа девојче би требало да го ранат барем во нозете и така остатокот од животот да го помине во домашен притвор“, е пораката која членот на десничарската партија „Еврејски дом“, ја напиша на Твитер.

Неговата изјава ја осудија и претставниците на израелската партија „Мерец“.

Ахед ал Тамими на 21 март ја прифати спогодбата со Израелскиот воен суд, според која оваа шеснаесетгодишна девојка ќе помине осум месеци во затвор. 

Ал Тамими стана херој на палестинскиот отпор, откако на 15 декември удри израелски војник, а нејзината мајка Нериман ал Тамими, тоа го пренесуваше во живо на социјалната мрежа Фејсбук (Facebook).

Палестинската тинејџерка имаше 16 години во времето на нападот, а обвинета е по 12 точки, меѓу кои и за физички напад. Нејзината мајка и роднина се, исто така, уапсени и казнети.

Нејзиниот случај привлече големо меѓународно внимание, а организацијата „Амнести Интернешнал“ (Amnesty International) ја нарече Ал Тамими палестинската Роза Паркс, афроамериканска активистка за човекови права и кројачка која американскиот Конгрес ја прогласи за мајка на модерното Движење за човекови права.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.