Enes Canlı
06 Март 2022•Ажурирај: 06 Март 2022
КУДС (АА) - Израелскиот премиер Нафтали Бенет по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, се упати кон Берлин, каде што треба да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер се наведува дека Бенет од Москва заминал за Берлин.
Од друга страна, израелски политички претставник соопшти дека средбата меѓу Бенет и Путин во Кремљ траела околу три часа. Речено е дека Бенет е во координација со САД, Германија и Франција, а дека продолжува дијалогот и со Украина.
Истакнато е дека премиерот на Израел се сретнал со Путин по средбата со меѓународните лидери минатата недела.
Со Путин разговарал за ситуацијата во која се наоѓаат израелските власти и еврејското население во Украина, која е зафатена со конфликт.
Во врска со иранската нуклеарна програма, Бенет се осврнал и на преговорите во Виена, истакнувајќи дека Израел е против нуклеарниот договор со Техеран.