Mustafa Deveci
03 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на окупираниот Западен Брег уапсија најмалку 14 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската армија се наведува дека најмалку 14 Палестинци биле притворени за учество во протестите против окупацијата и наводно „пружање поддршка на терористичките активности".
Израелските сили често ги напаѓаат палестинските домови на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) и ги приведуваат под различни обвинувања.
Во израелските затвори, во моментов има 6.500 Палестинци, вклучувајќи и 300 деца.