Mehmet Nuri Uçar,Qais Omar Darwesh Omar
06 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
РАМАЛАХ (АА) - Израелските сили со вистински куршум убија млад Палестинец во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од надлежните во болницата „Доктор Халил Сулејман“ во градот Џенин, што се наоѓа во северниот дел на Западниот Брег, израелските сили со булдожери извршиле рација во овој град.
Израелските сили ја срушија куќата на палестинскиот затвореник Ахмед Џемал Канба и се судрија со младите лица, кои реагираа против рушењето на оваа куќа.
Израелските сили со гасни бомби, како и со вистински и гумени куршуми реагираа против Палестинците.
Деветнаесетгодишниот Језин Мунзир Ебу Табих беше ранет со вистински куршум, поради што, и покрај сета интервенција, го загуби својот живот.