Qais Omar Darwesh Omar
25 Јануари 2024•Ажурирај: 25 Јануари 2024
РАМАЛА (АА) - Уште еден Палестинец е застрелан од израелските сили на Западниот Брег денес, со што бројот на убиени од 7 октомври досега достигна 373, соопшти Министерството за здравство, пренесува Анадолу.
Министерството истакна дека 24-годишен маж е убиен од израелски оган во градот Бирех ал Баша во близина на градот Џенин.
Според изјавите на очевидците, израелските сили рано утрово извршиле рација во градот и влегле во една куќа.
Израелските сили го привеле братот на застреланиот млад човек пред да се повлечат од градот, изјавија очевидците.
Тензиите низ Западниот Брег се зголемија откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас во кој Израел соопшти дека загинале 1.200 луѓе.
Според палестинските здравствени власти, во израелските напади од 7 октомври досега се загинати најмалку 25.700 Палестинци, главно жени и деца, а над 63.740 се повредени.