Ali Abo Rezeg
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
РАМАЛА
Шест Палестинци се уапсени во акциите што израелските сили во текот на ноќта ги организираа на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение на Израелската војска се наведува дека Палестинците се уапсени поради сомнеж за терористичко дејствување, иако не е прецизирано за какви активности станува збор.
Израелските сили често на Западниот Брег и во Источен Ерусалим приведуваат Палестинци под различни обвиненија.
Официјалните податоци на палестинската страна покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 5.500 Палестинци, меѓу кои и малолетници и жени.