Awad Rjoob
10 Јануари 2023•Ажурирај: 11 Јануари 2023
РАМАЛА (АА) - Силите на израелската војска денес приведоа 15 Палестинци во спроведените рации и урнаа неколку објекти на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Приведените Палестинци се одведени во израелски притвор во градовите Витлеем, Хеброн, Рамала, Џенин и Наблус, објави палестинската државна новинска агенција „Вафа“.
Израелските сили урнаа и шест објекти на Палестинци на Западниот Брег.
Комисијата за борба против колонизацијата и отпор соопшти дека две куќи биле урнати во Ерихон и Кафр ал-Дик во градот Салфит, додека четири други објекти биле срамнети со земја во градот Аната, североисточно од Ерусалим (Кудс).
Израел за уривањето на палестинските домови го користи изговорот за недостиг на градежни дозволи, особено во Зоната Ц на окупираниот Западен Брег, на која отпаѓаат околу 60 отсто од неговата територија.
Според Договорот од Осло од 1995 година меѓу Израел и Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим (Источен Кудс), е поделен на три дела - Област А, Б и Ц.
Областа Ц е под административна и безбедносна контрола на Израел додека не се постигне договор за конечниот статус со Палестинците.