Mahmoud Barakat
27 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили, во рациите спроведени во текот на ноќта на Западниот Брег, уапсија 18 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Армијата соопшти дека лицата се уапсени поради сомнеж дека се вмешани во терористички активности.
Израелските сили често спроведуваат операции за апсење низ Западниот Брег и приведуваат Палестинци под различни обвинувања.
Во израелските затвори во моментов има 6.500 Палестинци, вклучувајќи најмалку 350 деца.