Mustafa Deveci
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските полицајци приведоа 23 Палестинци, меѓу кои и двајца поранешни затвореници, во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) и Западниот Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според локални извори, израелските сили синоќа извршиле рација во некои подрачја во Источен Ерусалим и Западен Брег.
Се нагласува дека израелските сили под различни тврдења приведоа 23 Палестинци, од кои 21 на Западниот Брег и 2 во Источен Ерусалим.
Меѓу приведените на Западниот Брег се наоѓаат и двајца поранешни затвореници.
Израелските сили често вршат рации во куќите во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои станаа вообичаени во Западниот Брег и Источен Ерусалим, дел од Палестинците меѓу кои и деца и жени со денови се задржани во центрите за притвор.