Lina Altawell
21 Септември 2026•Ажурирано: 21 Септември 2026
Израелската Армија уапси најмалку 53 Палестинци рано утринава, за време на голема рација во градот Биду, северозападно од окупираниот Ерусалим, јавува Анадолу.
Приведените биле задржани во место за испрашување и притвор, формиран во куќа заземена за време на рацијата, се наведува во соопштението на палестинската Губернија Ерусалим, добиено од Анадолу.
Израелските сили вршеле претрес, демолирале и оштетиле неколку домови и физички ги нападнале Палестинците, се додава во соопштението, при што се истакнува дека воените операции во градот сè уште траат.
Рацијата следува еден ден по пукањето во близина на нелегалната населба Халамиш, во кое загина еден Израелец, а неколкумина други беа повредени, според израелски извори.
На окупираниот Западен Брег ескалираа израелските рации и апсења од октомври 2023 година, проследени со зачестени напади од израелските доселеници, ограничувања на движењето и затворање на влезовите во палестинските градови и села.