Mehmet Nuri Uçar,Nour Mahd Ali Abu Aisha
12 Август 2018•Ажурирај: 13 Август 2018
ГАЗА (АА) - Израелските сили приведоа пет палестински рибари кои биле на ловење на отворени води кај бреговите на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Синдикатот на палестински рибари во Газа, Низај Ајаш, во изјава за АА, истакна дека израелските поморски сили привеле пет палестински рибари во северниот брег на Газа.
Израелската војска не даде изјава околу приведувањето на палестинските рибари.
Според податоците на Синдикатот на рибари во Газа, 4.000 рибари ги задоволуваат животните потреби на околу 50.000 лица во ова подрачје.
Според Договорот помеѓу Израел и Палестинската ослободителна организација, потпишан во 1993 година во Осло, Палестинците имаат право на слободно движење на отворени води до 20 милји од брегот на Појасот Газа, без да бидат изложени на израелска интервенција. Но, израелската администрација го спречува ова право на палестинските рибари.